Црковен термин - категорија

Бадник повеќе

мн. бадници
Вид збор: Именка, машки род
Бадник, верски православен празник, ден спроти Божиќ.
Англиски: Christmas Eve Албански: dita para Krishtlindjes
Примери:
Вечер чекаме Бадник, никаде не се оди.
Дабово дрво или дабова гранка - симбол за празникот Бадник.
Албански: degë dushku
Примери:
Го носат бадникот.

бадников повеќе

бадниковиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бадник.
Примери:
Бадникова вечер.

бадниковица повеќе

мн. бадниковици
Вид збор: Именка, женски род
бадник

бдение повеќе

мн. бденија
Вид збор: Именка, среден род
Ноќна служба во православната црква спроти големи празници.
Англиски: vigil Албански: liturgji nate kishtare
Примери:
Клисарот повикува в црква на бдение пред Велигден.

безверен повеќе

безверниот
Вид збор: Придавка
Што не е со христијанска вероисповед, неправославен.
Англиски: non-christian
Примери:
Се омажи за безверен маж.

безверник повеќе

мн. безверници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е од друга, нехристијанска вероисповед, нехристијанин.
Англиски: non-christian Албански: jokrishter
Примери:
Група безверници ги сквернавеа православните гробови.

бир повеќе

мн. бирови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што го давале верниците на манастир или на свештеник, давачка во пари или прехранбени продукти.
Англиски: donation Турски: bir
Примери:
Тој бир отпаднал на печатењето на неговите книги како народна дотација.

бискуп повеќе

мн. бискупи
Вид збор: Именка, машки род
Католичко свештено лице што управува со бискупија.
Англиски: bishop

бискупија повеќе

мн. бискупии
Вид збор: Именка, женски род
Црковна област со која управува бискуп.

благден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
празник
Англиски: holiday
Примери:
Во големиот салон на изложбената галерија ќе се одржи традиционалната манифестација „На Велигден на благден“. [извор]

благоверник повеќе

мн. благоверници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е правоверен, чист во верата, со христијанска доблест.
Примери:
Императорот на Византија, благоверникот Михаил Трети.

Благовец повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Христијански празник што се празнува на 7 април според православниот календар.

благодат повеќе

мн. благодати
Вид збор: Именка, машки род
Благослов, милост што се бара од Бога, божји дар.
Англиски: blessing Албански: hirësi, bekim
Примери:
божји благодат

благочестив повеќе

благочестивиот
Вид збор: Придавка
набожен
Англиски: pious
Примери:
Благочестив живот.

благочестие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
набожност
Англиски: piousness
Примери:
Искушениците се учеа на вера и благочестие.

блаженство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Составен дел од титулата на црковен поглавар.
Англиски: holiness Албански: shenjtëri
Примери:
Неговото блаженство архиепископот македонски и охридски.

блудец повеќе

мн. блудци
Вид збор: Именка, машки род
Чинија со пченица, шеќер и ореви, пригодена според православниот обичај.
Примери:
Одеше по колата мртовечка со блудецот в раце.

Богојавление повеќе

Вид збор: Име
Црковен празник што се слави на 19 јануари.

богородица повеќе

мн. богородици
Вид збор: Именка, женски род
Мајката на Исус Христос, Мајка Божја.
Англиски: Virgin Mary Албански: Shën Maria
Примери:
Богородице, мајко, помогни ми!
Христијански празник во чест на Богородица, Мајката Божја.
Албански: Shën Maria
Примери:
Мала Богородица.
Икона или друг артефакт со ликот на Богородица.
Албански: Shën Maria
Примери:
Дечињата носеа ламаринени бог богородици на вратот.

богородичен повеќе

богородичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Богородица.
Примери:
Богородични пости

богослов повеќе

мн. богослови
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по богословие.
Англиски: theologian, seminarist Албански: teolog
богословец
Англиски: seminarian Албански: teolog
Примери:
Во трпезаријата се чу гласот на дежурниот богослов.

богословен повеќе

богословниот
Вид збор: Придавка
теолошки
Англиски: theological

богословец повеќе

мн. богословци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го изучува богословието, ученик во богословија.

богословие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Учење за догмите на дадена религија, верско учење.
Англиски: theology, seminary
Примери:
православно богословие

богословија повеќе

мн. богословии
Вид збор: Именка, женски род
Училиште во кое се изучува богословието, зграда во која е сместено ваквото училиште.
Англиски: theology
Примери:
Јас знаев само дека богословија значи учење за поп.

богослужба повеќе

мн. богослужби
Вид збор: Именка, женски род
Литургија, богослужение, обично во црква.
Англиски: religious service
Примери:
велигденска богослужба

богослужение повеќе

мн. богослуженија
Вид збор: Именка, среден род
Служба во чест на Бога од страна на свештено лице според одредени црковни канони, обично во црква.
Англиски: religious service
Примери:
Утринското богослужение заврши.

Божик повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Раѓањето Христово, голем христијански празник.
Англиски: Christmas

Божиќ повеќе

Види и: Божик (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Рождество Христово
Англиски: Christmas

божиќен повеќе

Види и: божикен (прид.)
божиќниот
Вид збор: Придавка
Во врска со Божиќ.
Примери:
божиќни празници
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч